Скопје – домаќин на CASSINI хакатон

12

Од денеска, па сѐ до 18 мај, Македонија првпат е домаќин на едно од најеминентните европски иновативни случувања – CASSINI Hackathon. Овој настан се одржува во ИТ-центарот „Netaville“ во Скопје, под заштита на Европската комисија и Агенцијата на ЕУ за вселенска програма (EUSPA).

Овој хакатон истовремено се реализира во 10 европски земји, а ѝ е посветен на темата „Вселената за здравството“.

Учесниците работат на креативни решенија користејќи сателитски информации за подобрување на мониторингот и одговорот при заболувања и здравствени опасности, подобрување на брзата медицинска помош и унапредување на душевното здравје и благосостојбата.

– Настанот ја обединува технолошката, здравствената, академската и стартап-заедницата, со учество на студенти, експерти, претприемачи и ентузијасти и е поддржан од бројни национални и меѓународни организации – наведуваат од „Netaville“.

 

 

ИЗДВОЕНИ