Скопскиот градоначалник информираше дека се работи со засилено темпо на точки што биле закочени со години, а дел од нив останале само лажно ветување. Со тоа, како што наведе, Скопје добива нов лик.
Тој нагласи дека се работи со полна пареа на клучката кај Момин Поток. Јасно видлива, како што кажа, е динамиката на улицата „Љубљанска“, од огромно значење за жителите на Карпош.
– Паралелно, напредуваат и градежните работи на улицата „Перо Наков“ во Гази Баба, клучна сообраќајна артерија по која секојдневно поминуваат илјадници граѓани. Ова е само почеток на сериозна, одговорна и посветена трансформација. Скопјани заслужуваат град со визија, ред и достоинство – дециден е Ѓорѓиевски.












