Во подземниот дел на салата „Наум Наумовски-Борче“ во Скопје е лоциран новиот национален тренинг- центар за олимписко спортско стрелаштво со воздушно оружје на 10 метри. Центарот е комплетно опремен со најсовремена опрема според стандардите на Светската стрелачка федерација.

– Министерството за спорт го обезбеди најголемиот дел од финансиските средства потребни за реализација на овој проект, кој доби поддршка и од Европската и од Светската стрелачка федерација, како и од домашни спонзори и поддржувачи на стрелаштвото – известија од Министерството за спорт.

 

ИЗДВОЕНИ