На 14.01.2026 година во СВР Скопје, 54-годишна жена од село во скопско пријавила дека била измамена за сума од 95.400 денари.
Според пријавата, во текот на изминатата година таа во повеќе наврати му исплаќала пари на едно лице, кое ѝ ветувало помош при купување стан во Скопје и вработување на нејзината ќерка како цариник.
По извесен период, лицето престанало да одговара на нејзините телефонски повици, по што жената сфатила дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.












