Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, 56-годишна жена од Скопје пријави дека била измамена за сума од 18.000 денари.
Според пријавеното, таа претходно на социјална мрежа стапила во контакт со едно женско лице, која изнајмувала стан. Како што е пријавено, на 28.09.2025 парите за депозит ги оставила во сандаче од станбена зграда на подрачјето на Чаир, каде што претходно лицето ѝ посочило. Според пријавеното, исто така, подоцна кога се обидела да стапи во контакт со лицето, но не успеала, сфатила дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.