Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода

20

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење. Тоа го потврдуваат анализите и испитувањата на примероците вода земени од повеќе мерни места низ градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Од претпријатието информираат  дека согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 26.05.2025 година до 31.05.2025 година земал 195 примероци за физичко-хемиска и 195 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Скопје.

Вонредно биле земени 10 истражни примероци после санација на дефектот на 01.06.2025 година.

ИЗДВОЕНИ