Скопје има квалитетна и безбедна вода за пиење. Тоа го потврдуваат анализите и испитувањата на примероци вода земени од повеќе мерни места во градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Од претпријатието информираат дека согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 19.05.2025 до 23.05.2025 година зема 192 примероци за физичко-хемиска и 192 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Скопје.