Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода

7

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење. Тоа го потврдуваат анализите  и испитувањата на примероците вода земени од повеќе мерни места низ градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Од претпријатието информираат дека согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 05.05.2025 година до 09.05.2025 година земал 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Скопје.

ИЗДВОЕНИ