Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење. Тоа го покаже анализите и испитувањата на примероците вода земени од повеќе л окации низ градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Од претпријатието информираат дека согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 08.12.2025 до 12.12.2025 земал 150 примероци за физичко-хемиска и 150 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Скопје.











