Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода

12

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење. Тоа го потврдуваат анализите и испитувањата на примероците вода земени од повеќе мерни места низ градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“ .

Од претпријатието информираат дека согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 11.08.2025 година до 15.08.2025 година зема 222 примероци за физичко-хемиска и 222 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 54 мерни места во Скопје.

ИЗДВОЕНИ