Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода

11

Жителите на Скопје пијат квалитетна и безбедна вода. Тоа го потврдуваат анализите и испитувањата на примероците вода земени од повеќе мерни места во градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Од претпријатието информираат дека согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 14.07.2025 година до 18.07.2025 година зема 212 примероци за физичко-хемиска и 212 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Скопје.

ИЗДВОЕНИ