понеделник, јануари 19, 2026
Дома СКОПСКА Скопјани наскоро ќе возат по новиот булевар „Никола Карев“

Скопјани наскоро ќе возат по новиот булевар „Никола Карев“

53

Скопјани наскоро ќе возат по новиот булевар „Никола Карев“. Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека на клучката „Момин Поток“ се работи со полна пареа.

– Со забрзано темпо се реализира еден од најзначајните инфраструктурни зафати во градот, клучката „Момин Поток“, заедно со изградбата на булеварот „Никола Карев“. Во моментов, во напредна фаза е поставувањето на атмосферската канализација, сместена во средишното зеленило на булеварот „Никола Карев“, на потегот од реката Серава до раскрсницата со булеварот „Словенија“ – објави Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

Тој додаде дека овој сегмент е клучен за безбедна, современа и долгорочно одржлива сообраќајна инфраструктура.

Воедно, истакна дека паралелно, се работи и на левиот крак од мостот над реката Серава, преку кој ќе се одвива сообраќајот од раскрсницата со булевар „Словенија“ директно кон клучката „Момин Поток“, создавајќи побрза и поефикасна врска меѓу важни градски артерии.

ИЗДВОЕНИ