Скопјани мора да знаат зошто нивниот град не функционира!

724

Од Зелен хуман град инсистираат целосно да се обелоденат проблемите помеѓу општините и Град Скопје, не само за фалсификувани документи, не само за дивоградби туку и за долгови, за нееднаква стапка на наплата на данок, за нееднаков степен на наплата на јавните услуги (вода, третман на отпад, итн.), за нееднаков третман на јавните претпријатија од страна на општините.

Само со темелен пристап и со прецизно лоцирање на причините може да зборуваме за решенија. Сѐ друго е гола реторика и клановски препукувања на штета на сите нас – велат од ЗХГ

 

Претставниците од Зелен хуман град во Советот на Град Скопје со координаторите на останатите советнички групи се договориле да поднесат заедничко ново барање за одржување на вонредна седница за дивоградбите во градот.

Во него, покрај информацијата за дивоградбите, ќе бидат вклучени и точките што ги предложил Зелен хуман град, со цел, како што велат, да се добие појасна слика за тоа што, всушност, се случува.

Ова е одлучено откако советниците од ВМРО-ДПМНЕ се повлекоа од одржување на вонредната седница што самите ја предложија.

– Само со темелен пристап и со прецизно лоцирање на причините може да зборуваме за решенија. Сѐ друго е гола реторика и клановски препукувања на штета на сите нас. Самиот момент што дојде до ова треба да нѐ однесе до промена. И покрај мноштво несреќи со несогледливи последици и однесени човечки животи – политичките елити не го менуваат пристапот. Повторно е виновна само другата партија, а никој од нивната коалиција. На следните избори мора да има повеќе независни кандидати. Само така ќе ставиме крај на рускиов рулет во кој живееме – сметаат од Зелен хуман град.

Тие инсистираат целосно да се обелоденат проблемите помеѓу општините и Град Скопје, не само за фалсификувани документи, не само за дивоградби туку и за долгови, за нееднаква стапка на наплата на данок, за нееднаков степен на наплата на јавните услуги (вода, третман на отпад, итн.), за нееднаков третман на јавните претпријатија од страна на општините.

– Помина цел мандат, а темелна анализа, нешто што го бараме од самиот почеток, не се направи. Затоа и не поддржавме дневен ред кој не ја покажува целосната слика во градот, нешто што скопјани го бараат долго време – образложуваат од Зелен хуман град.

(А.П.)

ИЗДВОЕНИ