На 26 јануари 2026 година, во 11:30 часот, во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р. Ќ. (32) од Скопје.
Приведувањето било извршено по претходна пријава од неговата 34-годишна поранешна партнерка, која пријавила дека на 23 јануари 2026 година ѝ упатувал закани дека ќе објави компромитирачка видеоснимка од неа.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.












