сабота, јануари 31, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Скопјанец се здобил со тешки повреди откако во него удрила локомотива

Скопјанец се здобил со тешки повреди откако во него удрила локомотива

130

Скопјанец се здобил со тешки телесни повреди, откако во него удрила локомотива, сопственост на Јавното претпријатие „Македонски железници“, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Денеска вo 1:20 часот во СВР – Скопје е пријавено дека на железнички премин „Хиподром“, локомотива, сопственост на ЈП „Македонски железници“, удрила во пешакот С.Л., на возраст од 55 години. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се наведува во соопштението на МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР – Скопје.

ИЗДВОЕНИ