Скокањето по Светиот крст традиционално се организира на Богојавление на 19 јануари, и иако многу луѓе сакаат да учествуваат во овој обичај, тие мора да бидат свесни за здравствените ризици.
Како што покажуваат повеќе испитувања и анализи, пливањето по Светиот кртс на Богојавление е една од традициите за кои мора да се биде претпазлив, бидејќи најчесто станува збор за група луѓе кои се доброволци, а не професионални пливачи, односно спортисти.
Ниските временски температури се најголемиот ризик за самите капачи, бидејќи е невозможно да се подготвите за тој шок. Имено, ниските температури го забавуваат срцевиот ритам, предизвикуваат нарушувања на ритамот, го намалуваат крвниот притисок. Телесната температура е 36, 37 степени, а кога ќе се олади на 33, се јавуваат нарушувања на ритамот.
Исто така треба да се напомене дека доста опасно е ако телото не е доволно одморено изминатата ноќ.
На сите капачи по Светиот крст им се препорачува да се подложат на медицински и кардиолошки преглед пред да пливаат за големиот традиционален празник.











