понеделник, октомври 19, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Скока цената на дизелот, бензините поевтинуваат!

Скока цената на дизелот, бензините поевтинуваат!

9

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за промена на малопродажните цени на нафтените деривати. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за 2,50 денари за литар, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за 2 денари за литар.

Со новата одлука, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 96 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 98 денари за литар.

Од друга страна, цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува и ќе изнесува 99 денари за литар. Поскапување има и кај екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), чија цена ќе достигне 110,50 денари за литар.

Промена има и кај мазутот М-1 НС, чија малопродажна цена се зголемува за 1,837 денари за килограм и ќе изнесува 53,579 денари за килограм.

Новите цени се утврдени во однос на претходната одлука на РКЕ од 13 октомври 2026 година.

ИЗДВОЕНИ