Долгоочекуваното отворање на сезоната во ски-центарот „Маврово“ е закажано за денеска.
Од ски-центарот „Маврово“ информираат дека се подготвуваат со полн капацитет за почетокот на ски-сезоната.
– Откако во изминатите денови се наталожи доволно снег и беа создадени температурни услови за работа на топовите за вештачки снег, нашите вработени работат во три смени за да обезбедат безбедни и уредени ски-патеки. Во текот на изминатата ноќ работеа сите топови и сите ратраци на терен, а акцијата продолжува и во текот на денешниот ден – соопштија од ски-центарот „Маврово“.












