Неодамна се појави веста дека скијачките скокови би можеле да бидат без популарната турнеја „Рау ер“ во Норвешка, која беше на крајот од сезоната. Таа информација сега се покажа како точна.

Информацијата за откажувањето прв ја објави Сандро Пертиле.

  • Нема да ја има турнејата „Рау ер“ во 2026 година. Сакаме да се фокусираме на помал број натпревари и да ги зголемиме интересот и вредноста на овие настани. Веруваме дека и Осло и Викерсунд може да го направат натпреварувањето попривлечно – рече Сандро Пертиле.

Норвешката Федерација, која ја организира турнејата, издаде соопштение во кое потврдува дека нема да се одржи турнејата во олимписката сезона 2025/2026.

  • Следната сезона нема да има турнири во „Рау ер“. Зимата, сепак, ќе биде полна со возбуда, а натпреварите од Светскиот куп ќе се одржат во Норвешка –  порачаа од Федерацијата.

Сепак, Лилехамер, Холменколен и Викерсунд ќе ги пречекаат најдобрите светски ски-скокачи.

ИЗДВОЕНИ