Ски-патеката во Кавадарци се подготвува за зимската сезона

193

И покрај слабите природни врнежи од снег, во ски-центарот „Михајлово“ започна процесот на производство на вештачки снег, со што се интензивираат активностите за подготовка на патеката за претстојната зимска сезона, информираше градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

– Надлежните служби континуирано работат на терен, следејќи ги временските услови и применувајќи ги сите потребни технички мерки за обезбедување квалитетни и безбедни услови за скијање – истакна Јанчев.

Тој додаде дека Зимската служба до доцна вчераeвечер вршела посолување и одржување на повеќе патни правци за побезбедно движење. Посолени се патните правци Страгово, Чемерско и Бохула, а дополнително опфатени се и правците Бојанчиште и Витачево.

Градоначалникот апелираше до учесниците во сообраќајот да ја приспособат брзината според условите на патот и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, истакнувајќи дека Зимската служба ќе продолжи со следење на состојбата на патиштата.

Исто така, Општина Кавадарци и ЈП „Градски превоз“ им овозможија на пензионерите бесплатен градски (по осум часот) и приградски превоз секој ден (без ограничувања), појаснија од јавното претпријатие. Претходно, претседателот на Советот на Општина Кавадарци, Стојанче Рамов, информираше дека е активна оваа мерка од 1 јануари 2026 година.

 

 

ИЗДВОЕНИ