среда, јануари 28, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ски-центарот Михајлово со комплетна зимска понуда со три уредени стази/ФОТО/ВИДЕО

Ски-центарот Михајлово со комплетна зимска понуда со три уредени стази/ФОТО/ВИДЕО

47
Фото: Фејсбук Митко Јанчев

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, со објави на  видеа на социјалните мреж,  информираше за отворањето на  новата патека во ски-центарот Михајлово.

„Еден месец скијање зад нас, сега и нова патека! Градоначалникот Јанчев вели дека  Михајлово е подготвено и активно веќе еден месец, а бројни граѓани веќе уживаа на снегот и стазите.

Денес одиме чекор напред, комплетна зимска понуда со три уредени стази: малата стаза со теписон за најмладите, стазата „Македонија“ и за првпат новата стаза од 1.200 метри.

Свеж снег, вистинска зимска идила и услови за скијање и уживање за сите генерации“, напиша градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

ИЗДВОЕНИ