Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, најави дека патеката ќе биде пуштена во употреба на 1.1.2026 година.

– Ова е силен развоен чекор за зимскиот туризам и за планинските спортови во нашиот регион. Кавадарци станува задолжителна зимска дестинација – истакна Јанчев

 

Во ски-центарот „Михајлово“ се прави нова скијачка патека долга 1.200 метри, на 1.400 метри надморска височина, заедно со нов ски-лифт и со уште две дополнителни ски-патеки.

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, најави дека патеката ќе биде пуштена во употреба на 1.1.2026 година.

– Ова е силен развоен чекор за зимскиот туризам и за планинските спортови во нашиот регион. Кавадарци станува задолжителна зимска дестинација – истакна Јанчев.

Ски-центарот „Михајлово“ беше отворен на 1 јануари годинава, кога започна да функционира скијачката патека „Македонија“. Тој се наоѓа на планината Кожуф, оддалечен околу 35 километри од Кавадарци.

Целта, како што истакна тогаш Јанчев, е да се привлечат туристи од околината и дополнително да се развие туризмот во овој крај од земјава.

Ски-центарот „Михаjлово“ засега располага со скијачка патека, ски-лифт и со сите неопходни елементи за скијачки центар. Тој има должина од 370 метри и има капацитет за 600 лица во еден час, снежни топови, заштитна мрежа, а има и потенцијал за туристички развој преку отворање хотели, ресторани и индивидуални сместувачки капацитети. Проектот е развиен во соработка со Владата и во соработка со можностите на самата општина.

На пуштањето во употреба на скијачкиот центар „Михајлово“, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека е во план, во следните четири-пет години да се подобри инфраструктурата на оваа локација, но и да се изградат уште две патеки, кои се проектирани на по два километра, на 1.800 височина, а да се спуштат на 1.300 метри височина.

(А. П.)

ИЗДВОЕНИ