Миајло Мудрик е обвинет за допинг и сега може да биде казнет со четиригодишна суспензија. Украинецот, кој беше платен од Челзи со 70 милиони евра, прво одигра под сите очекувања, а потоа падна и на допинг-тест.
- Можеме да потврдиме дека Миајло Мудрик е обвинет за кршење на антидопинг правилата и за употреба на забранети супстанции. Ова е тековен случај, па затоа не сме во позиција да дадеме дополнителни информации – се вели во соопштението на Фудбалската асоцијација.
Мудрик беше обвинет за употреба на допинг во декември 2024 година и досега чекавме да биде поднесено официјално обвинение. Ќе видиме дали ќе биде казнет на крајот и како ќе заврши овој случај.
Овој 24-годишен фудбалер играше во младинските тимови на Металист Харков и на Дњепар пред да се пресели во Шахтјор Донецк. По првите минути во сениорскиот тим, тој беше испратен како позајмен во Арсенал од Киев и во Десна од Чернихив, а потоа беше купен од Челзи. Тој беше далеку од тоа да ги оправда очекувањата, а потоа падна на допинг.