Скандал во Мексико: Маж ја бакна и ја допираше по телото претседателката Шајнбаум/ВИДЕО

217

Додека мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум им се обраќаше на граѓаните во историскиот центар на Мексико Сити во вторникот, непознат маж ѝ се приближи одзади и ја вознемируваше. Како што пренесе весникот „Ел Универзал“ тој е уапсен во Мексико Сити, главниот град на Мексико и обвинителството ќе поднесе кривични пријави против него за сексуално вознемирување и напад.

Градоначалничката на Мексико Сити, Клара Бругада, изрази поддршка за претседателката Шајнбаум, велејќи ѝ дека „не е сама“.

Видео кое брзо се прошири на социјалните мрежи го прикажува мажот како ѝ се приближува, ја зграпчува за рамото и ја бакнува во вратот. Потоа се обидува да ја допре по телото, но еден државен службеник, како и самата Шајнбаум, реагираа, тргајќи му ги рацете.

На видеото може да се слушне како претседателката вели: „Не грижи се“. Медиумските извештаи укажуваат дека мажот бил во алкохолизирана состојба.

Клаудија Шајнбаум, како и нејзиниот претходник и политички ментор, поранешниот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, се стреми да одржува блиски односи со граѓаните. Таа често се движи низ толпите за да се ракува и да се фотографира со нив.

ИЗДВОЕНИ