среда, февруари 25, 2026
Дома СВЕТ Скандал во Италија: Во Рим 21 полицаец под истрага за кражба на...

Скандал во Италија: Во Рим 21 полицаец под истрага за кражба на луксузни стоки

22
epa12709506 Italian law enforcement officers stand guard in Milan's city center, Italy, 06 February 2026. ahead of the opening ceremony of the Milano Cortina 2026 Winter Olympics. EPA/MATTEO CORNER

Италија ја тресе голем скандал кој ја разнишува довербата во безбедносниот систем. Под истрага за наводна вмешаност во кражба на луксузна стока од стоковната куќа „Коин“ во близина на станицата Термини се и 21 полицаец.

Сè почнало кога раководството на продавницата забележало недостиг од 184.000 евра во залихи на почетокот на 2024 година, што е повеќе од 10 процнети од приходите. Подоцна е откриено дека недостасува стока вредна 94.000 евра, од која само парфеми чинеле 45.000 евра. Недостасувале скапи брендирани производи како јакни, чанти, кошули, ремени, долна облека, парфеми и козметика.

Инсталирани се камери, кои откриле дека главна во кражбите е благајничката во продавницата, која според сомнежите избраните производи ги криела во близина на касата, а потоа, наплатувала симболични суми, пишува „Еуроњуз“.

Меѓу осомничените во оваа шема на кражби се и членови на железничката полиција и карабинери, вклучувајќи и високи офицери, кои се обвинети за учество во еден или два поединечни случаи.

ИЗДВОЕНИ