Кошаркарите на Панатинаикос победија едно од најпријатните изненадувања во годинашното издание на Евролигата откако беа подобри на домашен терен од Хапоел Тел Авив со 93:82. Но, натпреварот ќе остане во сенка на големиот инцидент што се случи во текот на паузата меѓу двете полувремиња.

Во тоа време, навивач на ПАО го удри и го навреди сопственикот на израелскиот клуб, Офер Јанаи, кој се најде во многу непријатна ситуација. Веднаш по натпреварот, атинскиот клуб се огласи и остро го осуди овој гест, а на неименуваниот навивач му беше забрането доживотно да присуствува на натпреварите.

Како што беше најавено, на навивачот му е одземена сезонската карта, а, исто така, му е забрането доживотно да влегува во арената ОАКА, каде што игра ПАО. Клубот соопшти дека нема место за насилно и расистичко однесување во салата на Панатинаикос, нагласувајќи нулта толеранција за инциденти што ги нарушуваат безбедноста и угледот на клубот.

ИЗДВОЕНИ