вторник, февруари 17, 2026
Дома СВЕТ Скандал во Франција: Политичар тајно фотографирал жени под здолништето, неговиот хард-диск содржел...

Скандал во Франција: Политичар тајно фотографирал жени под здолништето, неговиот хард-диск содржел 1.800 експлицитни фотографии

27
Foto: Pexels

Француски суд денес му изрече условна казна од една година на поранешниот советник во Сенатот, Себастијан Г. (50), за фотографирање жени под здолништето, вклучувајќи и некои направени во горниот дом на францускиот парламент, објави „Ле Монд“.

Себастијан Г. беше обвинет откако неговите колеги го открија неговиот хард диск во заедничка просторија на десничарската Републиканска партија во 2023 година, кој содржеше повеќе од 1.800 слики, претежно од сексуална природа.

Судијата претходно за време на судењето изјави дека фотографиите вклучуваат задници и деколтеа на облечени жени, направени на јавни места како што се улицата или Сенатот, како и слики од поранешната девојка на обвинетиот, која тој ја фотографирал во својот дом.

ИЗДВОЕНИ