Скандал: Претседател на кошаркарски клуб повторно фатен пијан зад воланот со дури 2,46 промили алкохол во крвта!

175

Скандал ја тресе литванската кошарка. Претседателот на кошаркарскиот клуб Јонава, кој се натпреварува во Првата литванска кошаркарска лига (ЛКЛ), Ваидас Вашкевичиус, е приведен од полицијата поради возење под дејство на алкохол.

Порталот BasketNews.lt објавува дека Вашкевичиус „дувнал“ 2,46 промили за време на полициска проверка, а сето тоа се случило точно пред еден месец, на 11 декември 2025 година во Јонава. Информацијата стана јавна откако беше покрената истрага пред потенцијално судење против него.

Проблемот е што ова е втор пат за само година и пол претседателот на Јонава да се најде во слични проблеми.

Во април 2024 година, Васкевичиус ги игнорирал знаците покрај патот и влегол во недозволена зона, а потоа се судрил со друго возило и избегал од местото на настанот. Полицијата брзо утврдила за кого станува збор и направила тест за алкохол во крвта, кој открил дека во тој момент имал 2,34 промили.

Окружниот суд во Каунас пресуди дека Васкевичиус е виновен, но тој се жалел на пресудата и таа била вратена на повторно судење.

ИЗДВОЕНИ