Скандал повторно го тресе кралското семејство: Националната радиодифузна корпорација е принудена да ѝ се извини на Кејт Мидлтон

117

Британската национална радиодифузна корпорација „Би-Би-Си“ се извини на кралското семејство, а особено на Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, откако се соочи со негативни реакции поради емисијата за Денот на сеќавањето во која принцезата беше именувана по нејзиното моминско презиме.

Во соопштение објавено на 14 ноември, „Би-Би-Си“ призна дека добила поплаки од гледачи кои биле незадоволни што точната титула на принцезата од Велс не била употребена за време на нејзиното известување.

„За време на нашето известување, погрешно ја нарековме Кетрин, принцезата од Велс, како Кејт Мидлтон. Ова беа грешки направени за време на преносите во живо за кои се извинуваме. За време на нашето известување за Денот на примирјето воопшто, ја нарекувавме Кетрин со нејзината точна титула“, се вели во соопштението.

Реакции дојдоа дури и од членови на парламентот.

Џим Шенон, пратеник од Странгфорд во Северна Ирска, напиша на социјалниот медиум „Икс“:

„Потсетник до „Би-Би-Си њуз“ да ги едуцираат своите презентери дека принцезата од Велс не е „Кејт Мидлтон“ од 2011 година. Нејзината точна титула е Катерина, принцеза од Велс. Ајде да го направиме како што треба.“

Откако се омажи за принцот Вилијам во 2011 година, кралицата Елизабета им ги додели титулите војвода и војвотка од Кембриџ.

По смртта на кралицата во 2022 година, кралот Чарлс го прогласи својот најстар син за нов принц од Велс, со што неговата сопруга стана принцеза од Велс.

И покрај ова, многу новинари продолжуваат да го користат нејзиното моминско презиме, особено во онлајн медиумите, бидејќи терминот „Кејт Мидлтон“ е убедливо најпопуларен меѓу корисниците на интернет кои бараат вести за кралското семејство.

Анализата на „Гугл трендс“ покажува дека пребарувањата за „Кејт Мидлтон“ значително ги надминуваат оние за „Принцеза Кејт“, „Принцеза Кетрин“ или „Катерина, принцеза од Велс“.

ИЗДВОЕНИ