Скандал: Македонски судија давен и удиран со тупаници од азербејџански тренер! (ВИДЕО)

100

На финален меч на Европско првенство за кадети во бокс, кое се одржа на Златибор (Србија) се случи голем скандал. Нападнат  беш македонскиот судија Стефан Цубалевски од страна на азербејџански тренер.

Инцидентот се случи во финалниот меч во категоријата до 75 килограми меѓу Јусуф Агакишијев од Азербејџан и Виктор Мајсторовиќ од Србија.

Тренерот на Азербејџанецот прво вербално го нападна нашиот судија, а потоа влезе во рингот и почна да го дави и да го удира. Сето ова се случуваше пред полни трибини со деца кои беа дел од овој настан и како гледачи и како учесници.

Мечот веднаш беше прекинат, боксерот од Азербејџан дисквалификуван, а златниот медал го доби Виктор Мајсторовиќ.

ИЗДВОЕНИ