Скандал ја тресе Унгарија: Снимки од дрон го открија раскошот на „Версајот“ на Орбан, за кој тој вели дека е фарма на неговиот татко

280

Орбан се правда дека тоа е фармата на неговиот татко Ѓозо Орбан, која се уште е во изградба, но документите покажуваат дека за имотот е побарана енергетска дозвола за станбена зграда. Дека тоа што го кажува премиерот не е вистина, покажуват и снимки на кои се гледа градина со палми, шеталиште, фонтани, приватна зоолошка градина, рибник, два базена, подземен коридор од тули што ги поврзува зградите, библиотека, соларна централа, огромна подземна гаража, посебна зграда за персоналот, па и резервоар со над 20.000 литри мазут, за случај на општ прекин на електричната енергија. Фотографии, наводно направени од поранешен работник, покажуваат и систем за загревање на тротоарот за да не мора да се чисти снегот.

 

 

Скандал ја тресе Унгарија откако независниот пратеник Асос Хадази откри дека премиерот Виктор Орбан гради резиденција за која тврди дека е земјоделско земјиште. „Версајот“ на Орбан, како што светските медиуми го нарекоа тој имот откако пратеникот објави фотографии снимени од дрон, се уште се гради во Хатванпушта, во близина на родното село на Орбан, Фелушт, на триесетина километри западно од Будимпешта. Унгарскиот портал Телекс.ху, исто така, од имотот објави снимки од дрон.

Орбан се правда дека тоа е фармата на неговиот татко Ѓозо Орбан, која се уште е во изградба, но документите покажуваат дека за имотот е побарана енергетска дозвола за станбена зграда. Дека тоа што го кажува не е вистина покажуват и снимките на кои се гледа градина со палми, шеталиште, фонтани, приватна зоолошка градина, рибник, два базена, подземен коридор од тули што ги поврзува зградите, библиотека, соларна централа, огромна подземна гаража, посебна зграда за персоналот, па и резервоар со над 20.000 литри мазут, за случај на општ прекин на електричната енергија. Фотографии, наводно направени од поранешен работник, покажуваат и систем за загревање на тротоарот за да не мора да се чисти снегот.

-Јас го нарекувам „Пушта-Версај“, рече Хадази, кој важи за неуморен активист против корупцијата.

Тој сподели и постари фотографии од имотот, направени пред четири години, за кои рече дека  биле снимени од „работник кој работел таму кратко време, но брзо си заминал бидејќи бил згрозен од сè“. Според Хадази, работниците на градилиштето морале да почитуваат строги правила.

-Им се одземаат телефоните и им се закануваат кога влегуваат на градилиштето. Па, ако ова е фарма, тогаш е многу чудно, напиша тој на Фејсбук.

Додаде дека видел фотографии направени во зградите, кои за него биле шокантни, но не се осмели да ги сподели. Хадази исто така напиша дека „за жал, има многу малку достапни фотографии од внатрешноста“ на Хатванпушта, но спомена една од ретките што HVG претходно ги објави – од летото 2021 година, кога се градени галеријата-библиотека и касетниот таван. Во тоа време, HVG напиша дека се градат атриум и библиотека со галерија, со камин чие огниште е високо еден и пол метар. Помеѓу закривените греди се насликани касетни тавани моделирани според оние во црквите од 18 век.

Вукендов што помина Хадази организираше „тура“ низ Хатванпушта на која се приклучија стотици, можеби илјадници граѓани. Унгарските новинари велат дека она што го виделе граѓаните потсетувало на моментот кога јавноста влезе во резиденцијата на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович во 2014 година.

-Тие се качуваа на скалите за да ѕирнат во внимателно оградената област и да откријат дали навистина станува збор за недовршена фарма во сопственост на таткото на Орбан или за замок во барокен стил за унгарскиот премиер. Но, наместо жибвотни, виделе само голем број полицајци и обезбедување кои го чувале имотот. Хадази вели дека обезбедувањето ги држело зебрите и антилопите подалеку од погледот на граѓаните кои ѕиркале преку оградата за да ги видат, зашто во видео објавено од Телекс.ху, во еден момент може да се видат зебри, за кои порталот пишува дека во тој момент тие биле на соседен имот. Претходно, медиумите пишуваа дека наводно на имотот има 60 егзотични животни, за кои неодамна имало обид да се добие дозвола.

Хадази, кој тврди дека таткото на Орбан тој имот го изнајмил на претприемач поврзан со Орбан за околу 40.000 евра годишно, вели дека за турата имало многу голем интерес, па наскоро ќе организира нова. Во меѓувреме, претседателот на опозициската партијата Тиса, Петер Маѓар, објави дека кога неговата партија ќе формира влада, првата истрага ќе биде за поранешните премиери и нивните семејства, а ќе го вклучи и имотот на Виктор Орбан во Хатванпушта.

-Националната канцеларија за враќање и заштита на имотот ќе може да ги побара сите информации од надлежните органи и канцеларии за заштита на културното наследство, како и да ги испрашува инвеститорите и работниците вработени на градилиштето на Виктор Орбан, рече Маѓар.

Според европските медиуми, родното село на Орбан, каде што се гради резиденцијата,  целосно е преземено од неговата „дружина“ во која се неговиот татко, зетот и пријател од детството. Тие се збогатиле благодарение на договорите финансирани од Европската Унија, па таму поседуваат раскошни вили и терени за голф.

ИЗДВОЕНИ