Скандал ја тресе Америка: Исчезнаa фотографии од Епштајн со Трамп и Меланија

205
EPA/LUKE JOHNSON

Најмалку 16 документи исчезнаа од јавната веб-страница на Министерството за правда на САД, кои содржеа документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, а меѓу исчезнатите датотеки имаше фотографија на која се гледа американскиот претседател Доналд Трамп со Епштајн, првата дама на САД Меланија Трамп и соработничката на Епштајн, Џилијан Максвел.

Според АП, федералните власти не објаснија зошто датотеките се отстранети, но во соопштение на социјалната мрежа X нагласија дека „фотографиите и другите материјали ќе продолжат да се прегледуваат и редактираат во согласност со законот, како мерка на претпазливост, како што добиваме дополнителни информации“.

Исчезнатите датотеки, кои беа достапни во петокот и отстранети во саботата, вклучуваа слики и фотографии од голи жени, а меѓу нив имаше фотографија од Трамп со Епштајн, Максвел и Меланија Трамп.

„Што друго се прикрива? На американската јавност ѝ е потребна транспарентност“, рекоа демократските членови на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом, пренесува Танјуг.

Неодамнешните објавувања на документите предизвикаа загриженост во врска со веќе долгиот процес на откривање информации поврзани со Епштајн.

Иако јавноста очекуваше нови информации, објавените материјали, кои опфаќаа илјадници страници, не дадоа значаен увид во злосторствата на Епштајн или во владините одлуки што му овозможија да избегне сериозни федерални обвиненија во текот на годините, според „Њујорк тајмс“.

Фотографии што ја тресат елитата: Познатите лица од досиејата на Епштајн

ИЗДВОЕНИ