Во џамија во Виена, имамот и вработените оргнаизирале оргии, открија австриските истражители. Тие користеле пари од донации од верниците, но и од продажба на книги, од организирање патувања и од погреби за да плаќаат проститутки со кои ги организирале огиите, пишува „Хојте“. Трошоците ги книжеле како да се за кирија, за плата за имамот и слично.
Според медиумот, скандалот се случил пред пет години во џамија поврзана со Дирекцијата за верски прашања (Динајет) на турската влада. Во обвинението се наведува дека се собирале пари од верниците, но не се пријавувало тоа, а за оргиите, во кои учествувале и водачите на џамијата, во неколку наврати биле ангажирани четири проститутки.
За целата ситуација да биде уште побизарна, осомничените се обиделе да ги поткупат инспекторите што го истражуваат скандалот, нудејќи им патувања. Австриските власти сега спроведуваат ревизија на странското финансирање на Австриско-турската исламска унија, под чие покровителство функционирала оваа џамија.