Пред почетокот на новата сезона на шоуто “Ѕвездите на Гранд“! Останува да се причека да помине август, кога треба да се потпише новиот Договор. Деновиве Кеба замина некаде во странство на летување. Да се олади од разочарувањето.Тој не може да си објасни како тоа од “Гранд“ и дале понуда токму на Северина? Особено и затоа што се познати нејзините неодамнешни многу лоши изјави за Србија и Претседателот Александар Вучиќ!
Добро познатиот и слушаниот пејач Драган Којиќ – Кеба, веројатно нема да го продолжи договорот за член на жирито во мегапопуларното Балканско музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Причината е само на прв поглед банална, но има своја длабока историја. Од Гранд-продукцијата велат дека Кеба не сака да седи рамо до рамо со пејачката Северина, за која сите знаат дека официјално му била снаа, а тој нејзе свекор.
Според српските (но и хрватските) медиуми овој неочекуван скандал-настан се случил деновиве. Владеела невидена вонредна состојба! Кеба во голем шок, Северина од Сплит не прати ни збор. Тие двајцата се уште не комуницираат од како сексипилната сплитска пејачка и официјално се разведе од Игор, синот на Кеба. Засега шансите да Кеба попушти се многу минимални.– Сè беше скоро готово, но кога на пејачот отворено му е кажано за Северина, тој “пукна“. Збесна! Сега останува да се чека да помине август, кога треба да се потпише новиот Договор. Деновиве Кеба замина некаде во странство на летување. Да се олади од разочарувањето.Тој не може да си објасни како тоа од “Гранд“ и дале понуда токму на Северина? Особено и затоа што се познати нејзините неодамнешни многу лоши изјави за Србија и Претседателот Александар Вучиќ. Поупатени тврдат дека понудата ѝ е дадена на Северина, затоа што газдите на ТВ “Пинк“ веројатно тајно преговараат со исто така популарната Јелена Розга, за да таа им се придружи во жирито. Добро познато е дека постои огромно соперништво меѓу двете Сплиќанки пејачки. Корист ќе имаат само гледачите. Впрочем тоа е крајната цела, шоуто да биде врвно гледано како и до сега.
И не само Кеба, туку проблем со учеството на Северина направила и Цеца Ражнатовиќ. Наводно, таа ја покажа својата нетрпеливост кон Северина, сметајќи се себе си за мошне поголема пејачка ѕвезда. – Ако Севрина биде дел од жирито и тоа за фантастична сума од 300 илјади евра, јас си заминувам од шоуто, се доверила Цеца на своите најблиски. – Не може таа да биде повеќе платена од мене. Тоа не доаѓа ни под разно, лутито зборуваше “српска мајка“ на која патем речено ѝ е смачено и од изјавите на Северина во врска со протестите на српските студенти против актуелната српска власт…. (Д.М.)