Екипата на Манчестер сити го договори потписот на еден од најперспективните голмани на Англија, Џејмс Трафорд (22). Тој пристигна од Барнли за 31,2 милиони евра.

Инаку, ова е воедно враќање на Трафорд во Сити, бидејќи Барнли пред само две години го купи од овој клуб за 17,3 милиони евра. Тој е производ на тимот од „Етихад“, а беше и на позајмица во Акрингтон и Болтон.

Трафорд потпиша за Граѓаните на пет години. Инаку, за неговите услуги беше заинтересиран и тимот на Њукасл јунајтед.

 

ИЗДВОЕНИ