„Сите згрешивме во врска со Путин“, вели Мерц

192
EPA/FILIP SINGER

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека европските лидери погрешно го процениле руско-украинскиот конфликт и рускиот лидер Владимир Путин.

„Сите грешевме во врска со Владимир Путин. Вистина е дека, според мене, отсекогаш сум бил скептичен. Но, требаше самиот побрзо да ја сфатам заканата – долго пред 2022 година, долго пред неговиот напад врз Украина – во 2014 година, кога тој изврши инвазија на Крим. А, можеби дури и во 2008 година, кога тој ја нападна Грузија“, рече тој во интервју за „Пари Мач“, пренесува „Танјуг“.

Мерц посочи на „историските размери“ на она што се случува, истакнувајќи дека агресијата на Путин против Украина „ја нападна втората најголема земја на европскиот континент по површина“.

Тој, исто така, предупреди дека Европејците ќе се соочат со овој „авторитарен режим кој повеќе не го почитува балансот што постоеше претходно“ со години.

Мерц неодамна го нарече рускиот лидер „најголемиот воен злосторник на нашето време“.

ИЗДВОЕНИ