Најдобриот тенисер на сите времиња, Србинот Новак Ѓоковиќ, во првото коло на третиот грен-слем турнир, Вимблдон, го имаше најконтроверзниот ривал. Тоа е Французинот Александар Милер, кој е моментално 41. на АТП-листата и кој во Лондон имаше тешка задача на почетокот, успевајќи да го намачи Србинот. Сепак, на крајот мораше да се помири со поразот, во четири сета со 6:1, 6:7, 6:2, 6:2.
Сепак, тој е многу популарен и покрај фактот што освои само една АТП-титула во кариерата, и тоа оваа година, во Хонг Конг. А својата популарност ја должи на потег што нема никаква врска со тенисот.
Французинот се реши за ризичен потег и отвори сметка на популарната мрежа за возрасни „Онли фанс“. Без разлика дали станува збор за заработка или за нешто друго, тој објасни дека се опишува себеси како „најсексапилниот професионален тенисер од Франција“. Тој, исто така, имал понуда за спонзорство од контроверзна веб-страница.
– Секако, си помислив дали е малку комплицирано да се потпише договор со „Онли фанс“. Но, за да го видат проектот, тие сакаат да го променат својот имиџ – рече Милер.
Тој не е единствениот во светот од светот на спортот што се има одлучено за оваа градина на популарноста.
– Тие поддржуваат многу играчи, голфери, боксери, борачи на УФЦ… многу спортисти. На почетокот, пријателите ми се смееја. Потоа им ја покажав мојата платформа и рекоа: „Добро, тоа е навистина интересно“. Сите сакаат да аплицираат сега.
Тој откри како дошло до соработката.
– Почнав пред две години. По два-три месеци, ATP (управното тело на спортот) ми рече да го тргнам логото на „Онли фанс“ од ракавот. Рекоа дека не е слика на ATP и сакаа да престанам.

Дали објавува „ризични“ работи?
Ник Кирјос го има избрано истиот пат за забава, но не е толку активен како ривалот на Ѓоковиќ. Што објавува Милер на платформата, на која претежно се споделува провокативна содржина?
– Луѓето ме прашуваат што се случува зад сцената, како изгледаат вежбалницата, терените. Јас само објавувам работи за тенисот. Дали објавувам ризични фотографии? Не, не. Не го правам тоа, затоа што не сакам – рече Французинот.
Тој им даде до знаење на сите дека му е целта да го популаризира тенисот, а и себеси како играч.
– Мојата работа е да бидам тенисер, не да снимам филмови за возрасни. Добив многу пораки во кои пишуваше: „Алекс, можеш ли да ми го покажеш ова?“ Сакам да им покажам на луѓето каде одам во светот, некои прекрасни места, мојата рутина. Не е лесно да се биде тенисер секој ден. Тренираме секоја недела. Немаме многу слободни денови и празници. Уживам во овој живот. Оваа година ја освоив мојата прва титула. Досега немам никакви болки, физички сум добро, сè е одлично – рече Милер.
Што кажа Новак за профилот на платформата за возрасни на својот противник?
– Сè што знам е дека таму се гледаат повеќе делови од телото отколку што, можеби, треба, но, искрено, не знам како изгледа. Дека е поврзано со финансиски проблеми и со предизвици – можно е. И не е прв пат да се случи такво нешто на играч – се насмеа Новак.
Французинот има Кронова болест
За жал, на Милер му беше дијагностицирана Кронова болест, која му предизвика големи проблеми.
– Бев само малку болен. Отидов на лекар и тој ми даде лекови. Бев доста млад… По една година, воспалението беше толку големо што повеќе не можев да се движам. Ослабев, можеби, 10 килограми. Кога се вратив кај моите родители за викенд, во текот на ноќта слушнале дека сум отишол во тоалетот околу 50 пати. Отидов во болница, ги направив сите прегледи и ми рекоа дека имам Кронова болест – откри францускиот тенисер.