Вељко Ражнатовиќ, успешниот боксер и синот на мегапопуларната пејачка Цеца, одлучи да си го промени имиџот. Ја избричи брадата и ги остави само мустаќите. Тие се по некоја нова мачо-шема. Велат дека во светот сега е популарно да се носи еден од видливите знаци на машкоста. Наводно, мажите биле помажествени, а девојките на тоа се „палат“. Ај, да видиме баш што „измислил“ хиперпродуктивниот боксер и таткото на неколку деца, синчето на пејачката.
– Полека, но, сигурно се ближи месецот ноември, кој е означен на планета Земја како машки месец во кој се грижиме за машкото здравје. Мислам јас на сè, па и на тоа, коментира Вељко.
Синот на Цеца Ражнатовиќ со тоа ги промовира и традиционалните српски обичаи, според кои маж без мустаќи, не е маж! Колку има вистина во тоа, никој не може со сигурност да потврди. Но вистина е дека Вељко држи до корените, не се плаши да провоцира, но и не обрнува внимание на секакви коментари.Сепак, за среќа, најголемиот дел од публиката на Цеца е воодушевен од мустаќите на нејзиниот Вељко. Луѓето велат дека тој сака да го имитира својот покоен татко Аркан, кој одвреме-навреме носеше исти такви мустаќи. Вистина е дека мустаќите на Балканот отсекогаш биле повеќе од само обични влакна на машкото лице, кои многумина од возрасните мажи секое сабајле мрзливо ги бричат.
Со овој нов хит мачо-мустаќи, младиот господин весело позира во својот автомобил, а изгледот му е надополнет со качкет на главата. Девојките не останаа мирни и веднаш му напишаа: „Разведи се човек, многу си згоден, ќе те земам за маж“, „Таквите мустаќи се многу секси, сакам да ги почувствувам на моето лице“, „Вељко, немој да ми правиш вакви работи, тотално се вљубив во тебе“, „Секогаш да бидеш со овој имиџ, брадата не ти стои, мустаќите ти се феноменални“…
Секако дека и самиот Вељко се согласува со тие коментари, освен што, се разбира, нема да се разведува. Среќно го живее брачниот живот, а со мустаќите симболично ја покажува грижата за машкото здравје. (Д. М.)