Сите во Штип на пастрмалија!

174

Во завршна фаза се подготовките за штипската „Пастрамалијада“, која ќе се одржи утре, и в сабота, на две локации.

Штандовите со познатото штипско јадење ќе бидат поставени на шеталиштето „Ванчо Прќе“, каде што утре точно напладне ќе има и свечено отворање на манифестацијата, додека големиот концерт на балканската ѕвезда Дино Мерлин ќе се одржи на Градскиот стадион. Пред концертот, ќе настапат Елена Ристеска и Владо Јаневски.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, рече дека Градот Штип очекува 100.000 посетители, а целата организација е во насока настанот да помине безбедно и без никакви проблеми за граѓаните што сакаат да го посетат, како и да бидат гости на концертот в сабота, кој е бесплатен.

– Сакам да потенцирам дека годинашната манифестација е со малку поразличен концепт од годините наназад. Тоа е бидејќи вклучуваме концепт на уличен фестивал. Тоа е на улицата „Ванчо Прќе“, каде што ќе имаме поставено штандови за продажба на познатата штипска пастрмалија и еден концертен дел во рамките на Градскиот стадион, каде што се очекува најголем интерес од гостите и од публиката – вели Јорданов.

Тој истакна дека манифестацијата ќе овозможи директен економски бенефит за градот и бизнисите, без да се зголемуваат или оптеретуваат јавните финансии.

Цената на штипската пастрамајлија на штандовите ќе изнесува 220 денари, а обезбедени се над 4.000 паркин места за гостите кои ќе доѓаат од останатите општини во земјата, како и од странство.

Редари од штипското Јавно претприијатие „Стипион“ ќе бидат ангажирани за да ги насочуваат возилата на паркин местата, а исто така ќе има и организација за безбедно влегување на Градскиот стадион во Штип

 

ИЗДВОЕНИ