По одличниот старт, празничниот викенд во Ѓорче Петров носи нови три вечери исполнети со музика, уметност и забава за сите генерации!
На денешната програма (Четврток, 28 август) во Централниот парк во општината си почеток од 20:00 часот ќе се одржи целовечерен концерт на групата „Адонаи“ од Хрватска – со поп, рок и госпел звуци кои ја освојуваат публиката низ регионот.
Утре (Петок, 29 август) на свирка во Ѓорче на исто место и во исто време ќе настапи ДЈ Вера „Генерал“ Јанковиќ со незаборавни хитови од 70-тите, 80-тите и 90-тите. А во 21:30 часот, Бендот Day Off повторно со рокенрол класики и евергрин балади.
Во Сабота, 30 август на програмата е „Детски викенд“, каде во Реонски парк во Ѓорче Петров ќе бидат:
19:00 часот – Улични артисти со баскер магија и изненадувања за најмладите;
19:30 часот – Проекција на анимиран филм „Авантурите на Биби и Боби – Волшебната шума“ (во два дела).
„Три дена, три програми – едно културно лето полно со енергија, музика и радост во Ѓорче Петров“, се вели во објавата на градоначалникот, Александар Стојкоски.