EPA/SARAH YENESEL

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во полуфиналето на последниот грен слем турнир годинава САД Опен, откако во четвртфиналето го елиминираше Америјанецот Тејлор Фриц со 6:3, 7:5, 3:6, 6:4.

„Четвртфиналето со Фриц беше неизвесно, можеше многу лесно да заврши со поинаков исход. Спасив важни поени во вториот сет, а во ваков меч тоа може да беше и пресудно. За моја среќа ги преживеав, за потоа и последниот гем да биде многу напнат и тежок“, кажа Србинот.

Не можеше да изостане и прашање за полуфиналето, каде што Ѓоковиќ го очекува дуел со Карлос Алкарас. Најдобриот тенисер на денешницата скромно му ја препушти фаворитската улога на доста помладиот колега, најави дека треба физички да се подготви, а ги испофали Алкарас и Синер.

„Ќе видиме како ќе течат работите за два дена. За мене е добар распоредот бидејќи два дена немам меч и имам време да се подготвам. Нема да биде ништо полесно во полуфиналето. Морам да се опоравам и да го подготвам телото за битка во пет сета, ако дојде до тоа. Би сакал да бидам физички подготвен за потенцијални пет сета со Карлос. Знам дека ќе мора да го одиграм најдобриот меч, но не сум сигурен во каква состојба ќе ми биде телото.

Нема потреба да се трошат зборови за Алкараз и Синер, тие се моментално двајцата најдобри тенисери на светот. Сите веројатно очекуваат финале меѓу нив двајца, а моја работа е да се обидам да ги уништам тие планови. Ќе видиме, Синер треба да добие уште два меча за да стигне до финалето. Сепак, мора да се признае дека тие двајца играат најдобар тенис на овој турнир, доминираат и покажуваат сила од стартот“, призна Ѓоковиќ.

Полуфиналната пресметка меѓу Ѓоковиќ и Алкараз е планирана за утре во попладневните часови по европско време.

Во борба за второто полуфинале се среќаваат Синер против Мусети и Оже-Алијасим против Де Минер.

На женскиот сел од турнирот Американката Џесика Пегула од Соединетите Американски Држави е првата полуфиналистка на САД Опен. Таа во првото четвртфинале лесно ја совлада ланската шампионка на Вимблдон, Барбора Крејчикова  со 6:3, 6:3. За место во овогодинешното финале ќе се бори со бранителката на титулата Белорусинката Арина Сабаленка, која без борба влезе меѓу најдобрите четири на турнирот, откако Чехинката Маркета Вондрушова ѝ го предаде мечот без борба поради повреда на коленото.

 

ИЗДВОЕНИ