Сите нијанси се важни кога станува збор за преговорите со Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, по повод информациите за можни промени во составот на преговарачката делегација на Киев.
– Сите нијанси се важни – изјави Песков за Спутник.
Делегацијата на Украина на преговорите со Русија во Истанбул ја предводеше министерот за одбрана, Рустем Умеров. Делегацијата ја сочинуваа и заменик министерот за надворешни работи, Сергеј Кислица, заменик шефот на СБУ, Александар Поклад, заменикот на Надворешната разузнавачка служба, Олег Луговски, заменик началникот на Генералштабот на украинската војска, Алексеј Шевченко, и заменик началникот на Главната управа на разузнавачката служба, Вадим Скибицки.
Володимир Зеленски на 19 мај нареди формирање на постојана проширена делегација за преговори со Русија. Засега, нема указ со кој би се одобрил составот на таа делегација.
Директните преговори меѓу Русија и Украина се одржаа на 17 мај во Истанбул, а разговорите траеја два часа.
Помошникот на рускиот претседател, Владимир Медински, ја предводеше руската делегација. По средбата, тој најави голема размена на затвореници со Киев, по формула 1.000 за 1.000. Освен тоа, двете страни се договориле да ги претстават своите предлози за идно примирје.
По преговорите, во понеделникот, на 19 мај, телефонски разговараа претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп.