Општина Кисела Вода, заедно со соработниците: „Киноверзум” ДООЕЛ Свети Николе, Кинотека на Македонија и Францускиот институт во Скопје, и годинава традиционално организира кино на отворено.
Присутните, во паркот „Македонија“, веднаш до Домот на културата „Билјана Беличанец“, ќе имаат можност да гледаат одлични филмски проекции за сите возрасти, со различна тематика и да поминат убави моменти со најблиските.
Киното на отворено започнува денеска со вечерта „Киноверзум“, а љубителите на филмот имаа можност, во 20:00 часот, да го гледаат играниот филм за деца, „Бунтовната принцеза (синхронизиран на македонски јазик), а во 21:30 на репертоарот беше филмот посветен на Марија Калас – „Марија“.
Утре, пак, е Франкофонската вечер, на која, во 20:00 часот, ќе биде прикажан цртаниот филм „Каламити“, а во 21:30 часот – играниот филм „Повторно родена“.
В сабота ќе биде Македонската вечер, во рамките на која, во 20:00 часот, ќе може да се гледа блокот краткометражни играни филмови за големи и за мали деца – „Ракетно моделарство“ и „Баскет“, додека во 20:45 часот – македонскиот филм „До Балчак”.
В недела, во 20:00 часот се Пролетната магија со Биби и Боби, како и Авантурите на Биби и Боби – Волшебната шума, додека во 21:30 часот е македонски документарен филм „Медена земја”.