Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави во Кина дека се водат разговори за летачки автомобили.
– Разговаравме и за летачки автомобили. Сите ми се смеевте во Србија кога зборував за тоа. Очекувам оние во Кина да добијат лиценци за летачки автомобили. Верувам дека до следната година, до 1 декември, ќе можеме да покажеме како функционираат во Србија – истакна Вучиќ.
Вучиќ го изјави ова по серијата средби што ги имаше во Пекинг со функционери и претставници на компании. Тој рече дека имал многу средби во Пекинг со 11 или 12 светски лидери, како што се претседателите на Узбекистан, Азербејџан, Словачка, Индонезија…
Вучиќ рече дека на воената парада бил виден огромниот напредок на кинеската армија.
– Водевме многу разговори со многу кинески воени компании. Утре имаме разговори со уште три компании. Работевме на наоѓање решенија за нашите граѓани во многу области, особено во примената на вештачката интелигенција во образованието и здравството – изјави тој.
Вучиќ вели дека имало разговори со компании кои се занимаваат со енергетика, бидејќи Србија ќе има проблеми со енергијата.