
Ривалите од Премиер лигата, Њукасл и Челзи, се последните два клуба кои се вклучија во трката по потписот на српскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Јувентус, Душан Влаховиќ. Искусниот напаѓач има договор со „старата дама“ до крајот на актуелната сезона, а како следна негова дестинација се споменува и лутиот ривал, тимот на Милан.











