Најголемиот спортски настан, Олимписките игри, е место каде, покрај резултатите и рекордите, се појавуваат и згодните спортистки, каде фановите со душа ги чекаат да излезат на големите борилишта.
Девојките се борат за титули, медали и подиуми, но не само тоа. Тие ја носат топлината со себе и ја креваат температурата со својот изглед. Токму поради тоа направивме список на најсекси спортистки кои се уште се активни и се очекува да бидат на следните ЛОИ во Лос Анџелес.

На прво место е атлетичарката Алиша Шмит. Германската спортистка има 5,7 милиони следбеници на Инстаграм, а над осум милиони на нејзиниот профил на Тик-Ток.

Втора на оваа листа е пливачката Луана Алонсо. Младата 21-годишна Парагвајка учествуваше на претходните Олимписки игри под сомнение дека само нејзиниот изглед и заслужил патување во Париз. Редовно објавува фотографии од нејзините патувања на Инстаграм, на кој ја следат 1,1 милион луѓе.

Тука е и атлетичарката Лиеке Клавер. Холанѓанката може да се пофали дека има близу милион следбеници на Инстаграм.
Четвртото место го зазема гимнастичарката Суниса Ли. Американската гимнастичарка има грст медали во својата колекција и армија од речиси 3,5 милиони следбеници на Инстаграм.

За на крај, како петта ја одбравме Валентина Акоста, која се натпреварива во стрелаштво. Колумбијката со бебешкиот лик има два милиони следбеници со социјалната мрежа Инстаграм.
Едно е јасно, сите овие пет спортистки се очекува да бидат дел и од Олимписките игри во Лос Анџелес, а до тогаш со нетрпение ќе чекаме да обезбедат виза за големиот планетарен собир, односно да ја оправдаат улогата на фаворит, бидејќи важат за едни од најдобрите.











