Обвинителството се заканува со смртна казна: „Сите демонстранти во Иран ќе бидат обвинети како ‘непријатели на Бога’“

77

Главниот обвинител на Иран, Мохамед Мовахеди Азад, изјави дека сите демонстранти ќе бидат обвинети како „непријатели на Бога“, објавија иранските државни медиуми.

За ова дело се предвидува смртна казна, објави Скај њуз.

Одредбата се однесува на „бунтовници и терористи“ кои оштетиле имот и ја загрозиле безбедноста, како и на секој што им помогнал, рече Мовахеди Азад.

„Обвинителството треба брзо да подготви судења и да не покажува никаква „благољубивост, сочувство или попустливост“, додаде тој.

Техеранскиот обвинител Али Салехи, исто така, вчера изјави дека демонстрантите би можеле да се соочат со обвиненија дека се „непријатели на Бога“.

Протестите во Иран траат од 28 декември поради зголемувањето на цените и падот на животниот стандард, откако вредноста на националната валута падна на рекордно ниско ниво.

Овие протести претставуваат најголеми демонстрации во Иран од 2022 и 2023 година, по смртта на Махса Амини додека беше задржана во полицијата за морал поради наводно кршење на кодексот на облекување.

ИЗДВОЕНИ