сабота, јануари 24, 2026
Дома СКОПСКА Системска селекција на пластичен отпад во Аеродром

Системска селекција на пластичен отпад во Аеродром

52

Општина Аеродром станува прва општина што воведува системска селекција на пластичен отпад директно од домаќинствата. Со овој проект, секое пластично шише и пластично пакување ќе има своја вредност, а граѓаните ќе придонесуваат за почисто и поодговорно општество.

Проектот ќе опфати вкупно 600 домаќинства, а во првата фаза 50 домаќинства ќе добијат специјални канти за селекција на пластика.

Проектот ќе го спроведува ЈП за комунални дејности, а воедно ќе ја поттикнува селекцијата кај граѓаните и ќе го предава отпадот на овластени компании за понатамошен правилен третман.

– Овој проект е продолжување на Clean AirDrom, за кој е обезбедено и специјално електрично товарно возило за еколошки транспорт на отпад. Со оваа иницијатива, Општина Аеродром го намалува количеството мешан комунален отпад, ја штити животната средина и го поттикнува развојот на свесни граѓански навики – соопштија од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ