Системите за противвоздушна одбрана во текот на ноќта соборија 174 украински беспилотни летала и три наведувани ракети

300

Руските системи за противвоздушна одбрана уништија и пресретнаа 174 украински беспилотни летала во текот на ноќта над руските региони, како и три наведувани ракети Нептун-МД, соопшти руското Министерство за одбрана.

Како што е наведено, украинските беспилотни летала биле соборени над регионите Брјанск, Ростов, Саратов, Воронеж, Калуга, Курск, Ориол, Рјазан, Тула, Белгород, Тамбов и Москва, како и над анектираниот Крим, пренесува ТАСС.

Според соопштението на руското министерство, системите за противвоздушна одбрана уништиле три украински наведувани ракети Нептун-МД над Црното Море.

ИЗДВОЕНИ