Сириското претседателство денес објави итен и сеопфатен прекин на огнот по неколкудневните судири во регионот претежно населен со Друзи, во кои, според локални извори, се убиени повеќе од 300 лица.
Во официјално соопштение, претседателството ги повика сите завојувани страни веднаш да се обврзат на прекин на огнот во сите делови на земјата, објави Ројтерс.
Израел и Сирија постигнаа договор за прекин на огнот, соопштија претходно денес американскиот амбасадор во Турција и специјалниот претставник на САД за Сирија, Том Барак.
Според податоците објавени од невладината организација Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Велика Британија, најмалку 718 лица се убиени за време на најновите судири во сириската покраина Свеида, која е претежно населена со Друзи, пренесува „Танјуг“.